Владата на Србија со по 200.000 евра ќе ги награди Ѓоковиќ и неговиот тренер

Владата на Србија одлучи парично да го награди освојувачот на златниот медал во тенис на Олимписките игри во Париз, Новак Ѓоковиќ и на неговиот тренер да им исплати награда од по 200.000 евра.

„Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за доделување парична награда за спортските резултати од златниот медал освоен во олимписката спортска дисциплина – тенис на Олимписките игри во Париз на спортистот Новак Ѓоковиќ, во износ од 200.000 евра во динарска противвредност“, се наведува во соопштението на Владата на Србија.

Се додава дека наградата во истиот износ му била доделена и на неговиот тренер. Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз го совлада Карлос Алкараз со 2-0 и го освои златниот медал.