Вимблдон нема да се игра без публика, следи поместување или одложување

Организаторите на Вимблдон соопштија дека закажале итен состанок на кој ќе се говори за иднината на турнирот, поради коронавирусот кој масовно се шири низ светот.

Управниот одбор ќе има состанок наредната седмица, а на истиот ќе бидат присутни и претставници на АТП, ВТА и ИТФ, како и организаторите на другите три Грен слем турнири.

Од управата на Вимблдон ја исклучија можноста турнирот да се игра зад затворени врати, така што на состанокот ќе се разговара за поместување на турнирот на трева, или евентуално одложување во целост, во зависност од ситуацијата.

Вимблдон според календарот треба да стартува на 29 јуни, а ќе трае до 12 јули.