• Саше Љолес

Oрганизаторите на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, официјално објавија дека ќе доделат специјални покани за учество за неколку поранешни шампионки на Грен-Слем турнирите.
Наоми Осака, Ема Радукану, Каролин Возњацки и Анџелика Кербер се тенисерките кои добија „вајлд-карти“ за настап во Лондон, иако нивниот ранкинг во моментов не е добар.
Јапонката Осака е освојувач на четири Грен-Слем титули, во моментов е 113. на ВТА листата, додека шампионката од 2018 година, Вознијацки, е едно место полошорангирана од Јапонката. Анџелика Кербер го освои Вимблдон во 2018 година, додека Радукану триумфираше на УС Опен пред три години.