Вимблдон е негова територија, Федерер преку Надал до ново финале

Роџер Федерер финале

Роџер Федерер победи во полуфиналниот дуел на Вимблдон против Рафаел Надал со 3-1 (7-6/3, 1-6, 6-3, 6-4) во сетови. Тенисерот од Базел го доби 40-от меѓусебен дуел со својот лут ривал и в недела ќе игра за деветтиот трофеј на Грен слемот во Лондон во својата кариера.

Првиот сет помина со доста резервирана игра на двете страни, а недостатокот на ризик донесе тај-брејк. Во истиот првиот удар го зададе Шпанецот, но осумкратниот шампион покажа карактер и врза неколку поени во низа за да поведе со 1-0. Следуваше драстичен пад во играта на швајцарскиот ас, кој дозволи два брејка и практично без отпор го предаде вториот сет.

Откако го имаше најслабиот период од мечот, Федерер повторно заигра на посакуваното ниво и ја врати предноста со одличен трет сет. Истиот го доби со 6-3 и застана на чекор до победа против големиот ривал.

Доминацијата на Швајцарецот продолжи, а за истата Надал немаше никаков одговор. На почетокот на четвртиот сет, шпанскиот тенисер веднаш го испушти сервисот и му дозволи на вториот носител да стекне голема предност. Искуството му помогна на популарниот Федекс да сервира перфектно и да стигне до ново финале на Вимблдон.

Таму ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој денес го доби својот меч против Роберто Баутиста-Агут. Финалето е закажано за в недела, а утре мечот за титула ќе го одиграат тенисерките.