• Иван Димовски
Тенискиот аналитичар Матс Виландер го најави својот фаворит пред почетокот на Австралијан опен. Во фокусот се двајцата најдобри тенисери во моментов, Карлос Алкараз и Јаник Синер.
„Сите сакаат да видат колку Кaрлос и Јаник се подобриле во однос на минатата година. Сите сакаат да видат кој Грен слем ќе го освои Алкараз или Синер. Двајцата имаат шанса да победат и тоа е највозбудливата приказна во тенисот.
Мислам дека Јаник Синер е фаворит бидејќи има помалку играчи во ждрепката кои можат да го победат. Постојат неколку тенисери кои веруваат дека имаат шанса против Алкараз на брз терен и во брзи услови поради температурата во Австралија. Затоа мислам дека Синер ќе стигне до рундата во која ќе мора да игра со Алкараз, што очигледно е финалето. Не сум целосно сигурен дека Карлос ќе стигне дотаму“, проанализира Виландер.
Синер е двократен актуелен освојувач на Австралијан опен. Турнирот започнува во недела, а ждрепката е закажана за в четврток.


