• Иван Димовски

Познатиот тениски аналитичар Матс Виландер даде своја анализа на претстојниот Ролан Гарос. Поточно, на ривалството меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Според поранешниот светски рекет број еден, Србинот е разочаран што во Париз нема да може да се судри со својот голем противник.
„Мислам дека Новак е најразочаран, бидејќи Рафаел не се најде во ждрепката. Убеден сум дека Србинот би сакал да го освои својот 23. Грен слем трофеј, така што на ќе го совладаше Надал.
Сега е времето кога се „крши“ трката за тоа кој ќе стане најтрофеен. Во моментите кога го немаше Новак поради вакцинацијата или пак сега со повредата на Надал, се губи убавината... Би сакал двајцата на крајот да имаат ист број титули, а исто така и Федерер да биде секогаш споменуван во истата реченица кога се зборува за најдобриот“, изјави Виландер.
Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се израмнети на по 22 Грен слем трофеи, додека Федерер остана на 20.