Веснина ја прати Цибулкова на венчавка, а не во полуфинале: Серена „докторски“ против Павличенкова

Серена Вилијамс и Елана Веснина ќе го сочинуваат второто полуфинале во третиот Гран Слем турнир сезонава, Вимблдон

Првата тенисерка на планетата со „докторска“ победа од идентични 6-4 беше поуспешна од Русинката, Павличенкова, додека 29-годишната Веснина ја изненади Цибулкова и со убедливи 6-2, 6-2 стигна до за неа големо полуфинале. 

Овој пораз словачката тенисерка како да го посакуваше, бидејќи таа не очекуваше долг престој во Лондон и нејзината венчавка ја закажа за в сабота, па доколку стигнеше до полуфинале ќе се соочеше со фамилијарни проблеми. Претходно, пласман во полуфиналето обезбедија Венус Вилијамс и Анџеликa Кербер.