Вердаско исфрлен од Ролан Гарос, Шпанецот ги нападна организаторите

Вердаско

Коронавирусот донесе големи проблеми на организаторите на спортски настани во изминатиот период.

Најнов пример е исфрлањето на Фернандо Вердаско од Ролан Гарос поради позитивен резултат на ковид-19. Шпанецот е убеден дека со втор тест, кој не му беше овозможен, ќе добиеше негативен резултат.

„Нема да можам да се натпреварувам на Ролан Гарос оваа година. Многу ми е жал за тоа и апсолутно сум фрустриран. Сакам да го искажам моето разочарување, фрустрација и гнев кон организаторите на Ролан Гарос, кои ми го одзедоа правото да се натпреварувам на важен турнир, иако не ми дадоа можност да го повторам тестот и резултатот што го добив и за кој сум убеден дека не е во ред“ , порача шпанскиот тенисер.

Грен слем турнирот во Париз започнува овој викенд и ќе трае до 11 октомври.