Венус Вилијамс на 45 години се враќа на терените, ќе заигра по една година

Американската тениска легенда Венус Вилијамс повторно ќе се појави на професионален турнир откако ја прифати вајлд-картата за настап во сингл категоријата на претстојниот турнир во Вашингтон. Овој настан ќе го означи нејзиниот камбек по пауза подолга од една година.

Организаторите потврдија дека 45-годишната Вилијамс, која во јуни го прослави својот роденден, ќе биде дел од главната конкуренција и покрај тоа што на официјалната веб-страница на ВТА турот сè уште е заведена како „неактивна“.

Нејзиниот последен настап датира од март 2024 година, кога играше на Мастерсот во Мајами. На последните два грен-слем турнира каде се појави — Вимблдон и УС Опен во 2023 година — беше елиминирана во првото коло.

ФОТО: Mubadala Citi DC Open / Twitter