ВИДЕО: Венус како во најдобрите денови, Павличенкова ја елиминира Кузњецова

Русинката Павличенкова и ветеранката Венус Вилијамс се први патнички во четвртфиналето на женскиот турнир на Австралија опен. Повозрасната од сестрите Вилијамс како да се враќа во форма и во два сета ја надигра Германката Бартел, 6-3, 7-5.

Павличенкова не загуби ниту еден сет против многу поискусната Светлната Кузњецова и ја елиминира од турнирот со победа од 6-3, 6-3 за еден час борба. Така првиот четвртфинален пар во Мелбурн е познат и за пласман во полуфиналето ќе играат Венус Вилијамс и Павличенкова. 

Подоцна утрово се играат мечевите Кирстеа - Мугуруза и Кербер - Вандервеге.