ВИДЕО: Венус го доби дуелот со Серена, победи и за Возњацки и Кербер

Серена и Венус

Постарата од сестрите Вилијамс, Венус го доби директниот дуел со Серена и обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 тенисерки на Мастерс турнирот во Индијан Велс со лесната победа од 6-3, 6-4.

По пауза од 14 месеци поради раѓањето на нејзината ќерка, Серена на последните три меча докажа дека нејзината желба за игра и успеси ни малку не исчезнала. Но, вчера мораше да се помири со поразот од својата сестра, која беше за нијанса подобра и заслужено обезбеди пласман во четвртото коло. Таму, Венус ќе се сретне со Светлана Севастова од Летонија.

Во наредната рунда се пласираа уште неколку фаворитки, меѓу кои Анџелика Кербер со триумфот на Елена Веснина од Русија (7-5, 6-2) и Каролин Возњацки, која славеше на дуелот против Алиаксандра Саснович од Белорусија (6-4, 2-6, 6-3).