Венус беше не работ на пораз, но ја „сруши“ Квитова за трето коло во Индијан Велс

Венус Вилијамс уште еднаш покажа дека сè уште може да игра врвен тенис, откако на спектакуларен начин се пласира во третото коло од Мастерсот во Индијанс Велс. Американската тенисерка по пресврт успеа да ја совлада третата тенисерка на светот Петра Квитова, во меч кој траеше два и пол часа. 

Некогашната освојувачка на Вимблодон играше одлични сет и половина. Првиот го освои со 6-4, додека во вториот имаше предност од 3-0, но потоа на терен играше само постарата сестра Вилијамс. 36-годишната Венус со својот прв брејк успеа да стигне до израмнување од 4-4, па и да го освои сетот со 7-5. Потоа, во одлучувачкиот сет беше поуспешна со 6-4 за заслужена победа и пласман во третото коло. 

Покрај Венус, ноќва, понатамошен пласман на Мастерсот во Индијан Велс обезбедија и Плишкова, Колинс, Бенчиќ и Осака.