Векиќ по пресврт ја совлада Сун за полуфинале на Вимблдон! 

Хрватската тенисерка Дона Векиќ се пласира во полуфиналето на Вимблдон, со победата над Лулу Сун во три сета (5-7, 6-4, 6-0).

Во првиот сет тенисерката од Нов Зеланд, чиј татко е Хрват, одигра одлично, особено во финишот, во кој стигна до посакуваниот брејк и поведе со 1-0. 

Во вториот сет се играше израмнето, но сè до осмиот гем, кога Векиќ направи брејк за 5-3 и си го отвори патот кон израмнување. Во третиот сет Сун влезе во голема криза, а Векиќ искусно го искористи тоа и без загубен гем стигна до посакуваната победа и пласман во полуфиналето.

Тенисерката од Хрватска во битката за финале ќе се судри со подобрата од дуелот меѓу Јасмин Паолини и Ема Наваро.