• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времиња, знаеше како да го прослави освојувањето на рекордната 24. Грен слем титула. За време на доделувањето на трофеите, тој носеше маичка во која му оддаде почит на покојниот Коби Брајант, легендарниот американски кошаркар кој добар дел од кариерата го носеше дресот со број 24.
На маичката пишуваше „Мамба засекогаш“, алудирајќи на прекарот кој кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс го имаше во текот на својата кариера. Американската јавност беше одушевена од постапката на Новак, а своето благодарност изрази и Ванеса Брајант, вдовицата на Коби.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија од Ѓоковиќ облечен во маица „Mamba Forever“ со натпис:
„Честитки Новак, тој е тој „мамба менталитет“. Вистинскиот го препознава вистинското“.
Брајант и Ѓоковиќ беа пријатели, а Новак често кажуваше колку му значи врската со кошаркарот, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, заедно со неговата ќерка и уште седум други луѓе.