Вавринка загуби сет со 6-0 и доживеа рана елиминација во Рим!

Вавринка

Стан Вавринка не патуваше на УС Опен за да се подготви на турнирите на земјена подлога. Меѓутоа уште на стартот на Мастерсот во Рим доживеа пораз од домашниот тенисер Лоренцо Музети со 2-0 (6-0, 7-6/2).

Мечот траеше само еден час и 25 минути и предизвика шок за фановите, кои не очекуваа ваков расплет на настаните. 18-годишникот наметна силно темпо уште на стартот и го изненади противникот, освојувајќи ги првите шест гема во мечот.

Потоа мораше да се помачи за да ја запише победата на својата кариера. Во тај-брејкот во вториот сет одново беше убедлив и се израдува на пласманот во следното коло.

Кеи Нишикори од Јапонија ќе биде следниот ривал на младиот Италијанец.