Вавринка со спектакуларна победа го елиминира Медведев од АО

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка одигра феноменален натпревар на Австралијан Опен и се пласира во четвртфиналето.

Вавринка потсети на најдобрите денови и со 3-2 во сетови (6-2, 2-6, 4-6, 7-6, 6-2) славеше над рускиот ас Данил Медведев. Со фантастичен форхенд и бекхенд, Швајцарецот запиша голема победа иако против себе имаше далеку помлад и повеќе подготвен ривал.

34-годишникот тргна добро во натпреварот, во првиот сет доминираше, меѓутоа во вториот и третиот Медведев направи пресврт. Четвртиот сет замина во тај-брејк, кој Вавринка го отвори феноменално, поведе со 3-0, а потоа со брејк за 5-2 и одлични сервиси изедначи на 2-2 во сетови. Решавачкиот петти сет траеше само 40 минути, а популарниот Стан направи два брејка.

Вавринка за полуфиналето ќе игра против Александар Зверев или Андреа Рубљев.