Вавринка преку Троицки до четвртфиналето на Ролан Гарос

Стен Вавринка

Бранителот на титулата од минатата година на Ролан Гарос, Стен Вавринка не дозволи изненадување и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Париз. За тоа мораше да го победи српскиот тенисер, Виктор Троицки со 3-1 во сетови (7-6, 6-7, 6-3, 6-2).

Србинот даде достоен отпор, но немаше сили за да го елиминира минатогодишниот шампион. По првите два сета, во кои тенисерите си поделија по еден тај-брејк, последните два сета беа поубедливи. Швајцарецот во вистинско време го одигра својот најдобар тенис и на крај го доби дуелот со 3-1 во сетови.

Во четврфиналето, Вавринка ќе игра против изненадувањето на турнирот, Шпанецот Алберто Рамос-Вињолас, кој денес направи сензација, елиминирајќи го Милош Раониќ.