Вавринка по стапките на Надал, го пропушта УС Опен!?

Вавринка

Познато е дека Рафаел Надал планира сигурно ќе игра на земјена подлога. Големи се шансите да не патува во Соединетите Американски Држави на УС Опен, што не е чудно, кога е во прашање тенисерот од Мајорка.

Таков чекор би можеле да преземат голем дел од тенисерите, кои ќе ги избегнат сите ризици ако останат во Европа и се натпреваруваат само на еден континент.

По стапките на „кралот“ на земја се чини ќе тргне и Стан Вавринка. Швајцарецот активно тренира на земјена подлога, со што дава знаци која ќе биде неговата одлука, кога е во прашање остатокот од сезоната.

Планирани се неколку турнири како подготовка на Ролан Гарос. Тоа ќе биде одлична можност за сите тенисери/ки да го вратат ритамот и потоа да играат за голем трофеј.

Во краток период се закажани два Грен слем турнири, па на играчите ќе биде тешка одлука оваа есен. Пандемијата предизвика драстични промени во распоредот кои ќе влијаат на овогодошните изданија на престижните натпреварувања.