Вавринка изненадувачки се намачи против Росол, Димитров испадна во првото коло од Троицки

Стан вавринка

По долгите одложувања поради дождливото време, денес конечно почна да се игра на тениските терени во Париз. Неколку фаворити излегоа на терен и скоро сите, со исклучок на Димитров си ја завршија работата.

Минатогодишниот шампион и бранител на титулата, Стен Вавринка мораше да одигра дури пет сета за да се пласира во второто коло на Ролан Гарос. Голем отпор пружи чешкиот тенисер, Лукаш Росол, кој беше блиску до сензација на стартот. Сепак, на крај Швајцарецот ја задржа концентрацијата и успеа да слави со 3-2 во сетови (4-6, 6-1, 3-6, 6-3, 6-4). За разлика од него, Раониќ и Нишикори полесно поминаа и со лесни победи од по 3-0 во сетови се пласираа во следната фаза.

Изненадување на стартот направи српскиот тенисер, Виктор Троицки, кој во пет сета го совлада Григор Димитров (2-6, 6-3, 5-7, 7-5, 6-3). И покрај тоа што имаше негатива од 2-1, Србинот одигра фантастични последни два сета и го елиминира бугарскиот тенисер уште во првото коло. Ова е трета година по ред во која Димитров испаѓа во првото коло во Франција.