ВИДЕО: Вавринка и Димитров победнички тргнаа во Монте Карло

Носителите Вавринка, Димитров и Чориќ со победа стартуваа на Мастерсот во Монте Карло, прв од трите на земјена подлога кои се бодуваат од 1.000 Мастерс серијата. Швајцарецот Стан Вавринка го надигра Французинот Лукас Пуј во два сета (7-5, 6-3) и обезбеди пласман во второто коло.

Иако не му е омилена подлога, и Бугаринот Григор Димитров ја прескокна првата пречка, откако го совлада Беретини од Италија со 7-5, 6-4, а Чориќ загуби еден сет, но го елиминира Хуркач од Полска со 6-4, 5-7, 7-5.

  • Потег на мечот: 

Титулата од минатата година ја брани Рафаел Надал, а и покрај тоа што најнапред најави дека нема да учесттвува Новак Ѓоковиќ го потврди својот настап и во сингл и во дубл.