ВИДЕО: Вавринка го одигра „последниот танц“ на големата сцена, Беретини го поздрави со убав потег

Стан Вавринка го одигра последниот Грен слем-меч во кариерата. Швајцарецот загуби од Матео Беретини со 7-6, 7-6, 6-0 во првото коло на УС Опен.

Иако резултатот не го покажува тоа, Вавринка долго му парираше на Италијанецот. Првите два сета ги одлучија тај-брејкови, но Беретини беше посконцентриран во завршниците. Во третиот сет Швајцарецот остана без одговор и не освои ниту еден гем.

За 41-годишниот Вавринка ова беше 18-то учество на УС Опен и последно појавување на Грен слем турнирите. На крајот од сезоната тој планира да стави крај на кариерата, во која освои три Грен слем-титули: Австралија Опен (2014), Ролан Гарос (2015) и УС Опен (2016).

По крајот на мечот Италијанецот побара аплаузи на отворена сцена за швајцарскиот тенисер.

Беретини во второто коло ќе се сретне со Аргентинецот Маријано Навоне.