• Горан Упале

Французионот Саша Вајенбург е првиот финалист на фјучрсот во Скопје. Тој во првото денешно полуфинале по еден час и 26 минути игра го совлада Вито Тонјец од Хрватска со 2-0 во сетови (7-6/5, 6-1). За Французинот ова е трето финале оваа година, а пред две недели играше и во квалификациите и на Ролан Гарос.
Во првиот сет по 2-2 следеше и првиот брејк за предност на Вајенбург, кој поведе со 5-2, но Тонејц брзо се врати и изедначи на 5-5, а сетот се решаваше во тај брек. Вајенбург повторно направи предност од 6-3, но првите две сет топки не ги искористи, за потоа следната со помош на среќата топката малку ја допре линијата од надворешната страна и го освои сетот со 7-5 на поени.
Вториот сет беше сосема поразличен Тонејц поведе со 1-0, но потоа следуваше серијата од шест гема на Французинот за комплетен триумф во полуфиналето, откако ја искористи четвратата меч топка на сервис на хрватскиот тенисер.
Во второто полуфинале не пред 14:30 часот ќе игра македонскиот тенисер Калин Ивановски против Ерги Киркин од Турција. Во финалето на двојки од 13:00 часот Јанаки Милев и Петр Нестеров од Бугарија против Саша Вајенбург и Антоан Оанг од Франција.