Утринска „бомба“ од Мелбурн: Укината визата на Новак Ѓоковиќ!

Novak

Министерот за имиграција, Алекс Хоук, соопшти лоши вести за Новак Ѓоковиќ, кој многу веројатно ќе биде депортиран во Србија.

Бранителот на титулата на Австралија опен ќе остане без виза и нема да може да престојува во Мелбурн оваа зима.

„Денес го искористив моето овластување 133C (3) за да му ја одбијам визата на Новак Ѓоковиќ врз основа на здравствен и јавен интерес“, рече Хоук.

Останува адвокатите на Србинот да реагираат и да се надеваат на позитивен одговор. Меѓутоа шансите тоа да се случи се минимални.

Ѓоковиќ беше поставен за прв носител на ждрепката пред Австралија опен. Неговото отсуство ќе ги зголеми шансите на останатите фаворити на првиот сезонски Грен слем турнир.