• Саше Љолес
Најголемата американска тениска надеж, Бен Шелтон, успешно го отвори настапот на УС Опен и лесно го совлада Перуанецот Ингасио Бусе со сигурни 3-0, по сетови 6-3, 6-2 и 6-4.
Првиот сет го освои со само еден брејк, а во вториот двапати му го одзема сервисот на противникот. Мечот беше комплетиран за два часа и осум минути.
Убедлива победа оствари и Алехандро Давидович Фокина, кој со 3-0 го надигра Александар Шевченко од Казахстан (6-1, 6-1 и 6-2), а нему му се приклучи и Чехот Јакуб Меншик, со триумфот над Николас Јари од Чиле со 7-6/5 , 6-3 и 6-4.
ФОТО/PHOTO: US Open Tennis/Twitter/X





