Уште едно откажување од ЛОИ: Беретини нема да патува во Токио!

Беретини

Матео Беретини, финалистот на Вимблдон, е последниот тенисер кој го откажа учеството на Летните Олимписки Игри во Токио.

Италијанецот има мали проблеми со повреда и не сака да форсира настап во Токио. Заедно со докторскиот тим одлучи да не ризикува, во пресрет на завршницата од тениската сезона.

25-годишникот игра одлична сезона во која играше финале во Мадрид и Лондон, победи во Квинс, а загуби од Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

Тој се надоврза на листата ѕвезди како Рафаел Надал, Роџер Федерер и Доминик Тием кои нема да играат на Летните Олимписки Игри.