Уште едно изненадување на АО: 697. тенисерка елиминира поранешна финалистка на Ролан Гарос

Кинеската тенисерка Џошуа Баи приреди големо изненадување во првиот ден од Отвореното првенство на Австралија. Баи која е рангирана на 697. место на ВТА листата, ја елиминираше Русинката Анастасија Павличенкова по супер тај-брејк – 6-4, 2-6, 7-6/10.

Двете тенисерки одиграа драматичен натпревар, во одлучувачкиот сет пропуштија по една меч-топка, а потоа 24-годишната кинеска тенисерка ја искористи втората шанса. Павличенкова сигурно е далеку од својата најдобра форма, затоа што штотуку се врати по долгата пауза поради повреда, но секако дека овој пораз е големо изненадување. На крајот на краиштата, зборуваме за поранешна финалистка на Ролан Гарос и четвртфиналистка на Австралија Опен од минатата сезона.

Што се однесува до Баи, ова е нејзин петти настап на Грен слем. Нејзин најголем успех досега беше второто коло на Вимблдон во 2023 година. Нејзиниот следен ривал во Мелбурн ќе биде Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка на планетата.