Уште една легенда против Ѓоковиќ: „Релаксирај се, плети шалови, а не да правиш поделби...“

Новак

Новак Ѓоковиќ инсистира да се формира нова унија на тенисери, која независно ќе се бори за своите права. Тој ги повикува своите колеги да ја напуштат моменталната организација и да започнат самостојно да размислуваат за потребите на идните генерации.

Со неговата идеја не се согласува легендарната Мартина Навратилова. Таа испрати порака до најдобриот тенисер на денешницата:

„Тој смета дека ја прави вистинската работа. Не се согласувам со него, но тоа е негов избор. Јас навистина не го разбирам тоа кај него. Кога сте најдобри на светот, вашата енергија треба да оди кон подобрување на спортот. Мора да му се посветите на спортот. Да се релаксирате, да гледате телевизија, да обработувате дрво или да плетете шалови. Но, не и да размислувате за основање на нова унија.

Воопшто не помага, особено во ваква ситуација. Може да го направи тоа кога ќе престане да игра, но во моментов тоа е контроверзно и не помага. За време на пандемијата на коронавирус, се обидува да нè раздели. Треба да се држиме до тој проблем, а не да создаваме нови што не ни требаат“, вели Навратилова.

Чешката легенда важи за една од најдобрите тенисерки на сите времиња, која во кариерата освои 18 Грен слем титули.