Уште еден ветеран го откажа своето учество на Австралијан Опен

Откако Роџер Федерер потврди дека нема да игра на првиот Грен Слем во новата година, сега своето учество на Австралијан Опен го откажа уште еден ветеран. 

Се работи за Жо Вилфред Цонга, кој слично како Швајцарецот не се опорави на време и доволно за да одговори на предизвикот и да заигра во Мелбурн во февруари. Цонга веќе има 35 години и е повреден речиси цела година, а последен меч играше токму на отворениот турнир во Мелбурн кога го предаде мечот со Алексеј Попирин. 

Цонга својот најдобар резултат го оствари токму на Австралија Опен играјќи во финалето против Новак Ѓоковиќ. 

Овогодинешното издание на престижниот турнир е закажано малку подоцна од обично, па ќе се игра од 8 февруари и ќе трае до 21.