• Саше Љолес
Доскорешната прва светска тенисерка, Ига Швјонтек, се нашла во огромни проблеми откако се покажала како позитивна на допинг-тест и веднаш била суспендирана од сите натпреварувања.
Информацијата ја потврди Интернационалната единица за интегритет (ИТИА), организацијата која беше задолжена и за скандалот со допингувањето на Италијанецот Јаник Синер. Швјонтек била позитивна на триметазидин, супстанца која е забранета од анти-допинг агенцијата.
Наодот во нејзината крв бил поради комбинација од медицинска терапија, слично како во случајот со Синер, па затоа веднаш добила триесетдневна суспензија. Полјачката го оправдуваше нејзиното отсуство со голем замор и желба за рекуперација на силите, но таа всушност била под суспензија и затоа пропушти три турнири.
Се очекува наскоро да се врати на терените и да ја започне мисијата за враќање на врвот на ВТА листата, каде од неодамна се наоѓа Белорусинката Арина Сабаленка.