ФОТО: Уште еден македонски дрес во колекцијата на Новак Ѓоковиќ!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настапот на Ролан Гарос, а пред големиот тениски настан доби подарок од Македонија.

Кипре, навивачот кој патува насекаде и ја претставува и бодри Македонија, имаше средба со еден од најдобрите во историјата на „белиот спорт“. Му подари дрес од фудбалската репрезентација со бројот десет.

Ова е втор дрес од Македонија во колекцијата на Новак Ѓоковиќ, откако претходно доби ракометен дрес од Кирил Лазаров.