УС Опен направи радикална промена, сака да го популаризира и турнирот во мешани двојки!

Организаторите на УС Опен најавија промена на форматот кога се во прашање мешаните двојки. Накратко – награден фонд од милион долари, скратени натпревари и помала ждрепка, што им дава предност на сингл играчите.

Промените беа направени за да се привлечат повеќе ѕвезди во мешани двојки, а со тоа да се зголеми бројот на навивачи.

Турнирот ќе се игра една недела пред почетокот на самото натпреварување, за време на квалификациските натпревари, а сите натпревари ќе бидат закажани на „Артур Еш“ и „Луис Армстронг“.

На настанот ќе учествуваат 16 двојки, што е половина од бројката во однос на минатата сезона. Осум ќе бидат рангирани врз основа на комбинираниот пласман на играчите во сингл, додека останатите осум двојки ќе добијат специјални покани.

Натпреварите ќе се играат како и претходно, на два добиени сета, со што наместо до шест ќе се игра до четири гема. При 4-4 ќе се игра тај-брејк, а решавачкиот сет ќе се решава по еден вид супер тај-брејк до 10 поени.