УС Опен ќе се одигра на крајот од годината во Флорида?

Пандемијата предизвикана од коронавирусот го стопираше спортот ширум светот, а како што ситуацијата полека се смирува, бројни федерации и организации прават планови за продолжување на сезоната. 

Тенисот е суспендиран до крајот на јули, а прв голем собир според календарот треба да биде УС Опен на крајот од август. Сепак, Соединетите Американски Држави беше меѓу најпогодена нација од здравствената криза, па турнирот не би можел да се игра во Њујорк. 

Како алтертавива се споменуваше Индијан Велс, но како многу поизгледна опција сега се чини Орландо. Исто така останува на Американскиот тениски сојуз да одреди и нов датум, бидејќи Ролан Гарос беше откажан и презакажан за крајот од септември, па УС Опен би можел да се игра кон крајот од годината на Флорида.