Украинско-руска пресметка за финале на Ролан Гарос кај дамите

Украинската тенисерка Марта Костјук продолжува да блеска на Ролан Гарос, откако обезбеди пласман во полуфиналето на престижниот гренслем турнир во Париз. Костјук до местото меѓу четирите најдобри стигна по победата над својата сонародничка Елина Свитолина со 2-1 во сетови. Мечот траеше еден час и 49 минути, а Костјук славеше со 6-3, 2-6 и 6-2.

По одличниот старт и освоениот прв сет, Костјук дозволи Свитолина да се врати во натпреварот и да израмни на 1-1, но во решавачкиот сет повторно го презеде водството и сигурно го приведе мечот кон крај. Со овој успех, 15-та тенисерка на ВТА-листата го оствари еден од најголемите резултати во својата кариера на гренслем турнирите.

Во полуфиналето ја очекува нов предизвик против младата руска сензација Мира Андреева, која моментно се наоѓа на осмото место на светската ранг-листа. Андреева, иако е пет години помлада од Костјук, веќе се етаблира како една од најголемите надежи во женскиот тенис.

Претстојниот дуел привлекува големо внимание не само поради високите амбиции на двете тенисерки, туку и поради фактот што ќе се соочат претставнички на Украина и Русија. Во изминатите години Костјук во повеќе наврати јавно го искажа својот став во врска со војната во Украина и често одбиваше традиционално поздравување со руските тенисерки по завршувањето на натпреварите.

Најнови вести од
Ролан Гарос (Ж), WTA Singles