ВИДЕО: Украинката Костјук срдечно се поздрави со Русинката која смени државјанство

Украинската тенисерка Марта Костјук го доби дуелот од второто коло против Дарја Касаткина со 2-0 (6-4, 6-2) на ВТА Мастерс турнирот во Рим. Овој меч предизвика интерес поради тоа што се работеше за пресметка на Украинка и Русинка, а познато е дека во светот на тенисот тениесрките од Украина ги игнорираат оние од Русија и Белорусија поради воениот конфликт. 

Сепак, ситуацијата е поинаква бидејќи Касаткина неодамна смени државјанство, се откажа од руското и игра под знамето на Австралија, а јавно ја критикуваше и политиката на својата родна земја. Поради тоа, пред мечот Костјук имаше позитивен коментар за Касаткина.

„Кога некој не само што ја кажува вистината – дека Русија е агресор – туку тоа го покажува и со дела, тоа заслужува респект. Таа се изјасни јасно и гласно против војната, и реши да се откаже од руското спортско државјанство. Тоа не е малку. Се надевам дека ова е дел од подлабока посветеност. Јас стојам зад Украина, зад вистината и зад оние кои избираат да зборуваат, иако тишината би била полесна опција“, изјави Костјук.

Украинката го исполни најавеното и по мечот си подаде рака и срдечно се поздрави со Русинката која го смени државјанството.

  • Видео од крајот на средбата во Рим:

Инаку, во второто коло од турнирот во Рим фаворитската улога ја оправда Сабаленка со победа над Потапова (2-0), а победи забележаа Наваро, Радукану, Андреева, Кудерметова, Женг...