ВИДЕО: Уф, Каква кражба! Судијка од Хрватска на бизарен начин го оштети Троицки

Српскиот тенисер, Виктор Троицки, со победата во пет сета над Лоренци од Италија успеа да обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен, но мечот го одбележа една бизарна одлука на главниот судија која беше на штета на српскиот тенисер. 

Кога се кршеше резултатот во последниот сет Троицки одигра прецизен пасинг удар, судијата досуди аут, но по побараниот челинџ се испостави дека топката е добра. Сепак, судијата од Хрватска, Марија Чичак, одлучи поенот да се повтори, а не да оди во полза на Србинот, иако очигледно беше дека италијанскиот тенисер немаше да може да ја стигне таа топка. 

На оваа одлука Троицки едноставно побесна и влезе во расправија со главниот судија:

„Како е можно да се повтори овој поен, кога противикот беше далеку од топката. Дали знаеш што направи? Не си свесна што направи, не си свесна“. 

Сепак, Троицки успеа да го освои следниот поен и да направи брејк, кој беше одлучувачки за тешката победа над Лоренци.