ВИДЕО: „Дроп шотот“ на Федерер им донесе главоболки на собирачите на топчиња

Федерер бекхенд

По победата во Мелбурн и Ротердам, Роџер Федерер, првиот тенисер на АТП листата, продолжи да ги одушевува своите фанови со фантастичните потези и игра на Мастерсот во Индијан Велс. 

Петкратниот освојувач на титулата на турнирот во САД често знае да си поигра со момчињата задолжени да ги собираат топчињата, а типичен пример беше вчерашниот потег на дуелот против Филип Крајиновиќ во рамки од третото коло.

Швајцарецот со добро познатиот бекхенд „слајс“ удри по топчето, кое најпрво заврши на половината на противникот, па се врати на неговата половина, оставајќи го момчето на мрежата со празни раце.

Доброто расположение од теренот, Федерер го пренесе на социјалните мрежи, споделувајќи го видеото со порака за собирачите на топчиња.

36-годишниот швајцарски ас не се намачи против српскиот тенисер и го совлада во два рутински сета (6-1, 6-2).