Турнирот во Мадрид под знак прашалник поради новиот бран заразени во Шпанија

Мадрид

Последните информации околу одигрувањето на турнирот во Мадрид оваа година носат доза на песимизам.

Новиот бран заразени во Шпанија ги тера организаторите на престижниот настан сериозно да размислуваат за откажување на натпреварите. Тие направија голем број состаноци со надлежните органи за здравство и засега одржувањето на турнирот е ставено под голем знак на прашалник.

Постојат многу сомнежи околу здравјето на сите учесници во организацијата. Поради тоа одлуката дали ќе се игра или не ќе биде донесена непосредно пред турнирот.

Останува да видиме дали оваа година ќе се играат натпревари во „магичната кутија“ во шпанската престолнина.

Според последните планови, турнирот треба да се одигра од 12-20 септември.