• Иван Димовски
Полека почнува да се формира календарот за следната тениска сезона, непосредно по завршувањето на овогодинешните обврски на најдобрите. Првиот голем турнир секоја година е Австралија Опен, а пред настапот во Мелбурн дел од тенисерите нема да имаат ниту еден официјален настап.
Се најавува дека во Мелбурн пред главниот турнир ќе има егзибициски настапи од хуманитарна природа. На нив е најавено учество на веројатно тројцата најдобри тенисери во моментов.
Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се најавени како гости на егзибициите на 8 и 10 јануари. Освен нив се очекува настап на Алекс Де Минер и Алексеј Попирин, а кај дамите засега потврдена е олимписката шампионка Кинвен Женг.