Троицки водеше 6-1, 5-1 и 40-15 и на крајот загуби!

Српскиот тенисер, Виктор Троицки, на тенискиот турнир во германскиот град Хајлнбрн, го претрпе веројатно еден од најчудните порази во својата кариера.

33-годишниот српски тенисер, кој моментално е на 259. место на АТП листата, против Унгарецот Атила Балаж имаше водство од 6-1, 5-1 и 40-15 во вториот сет, но пропушти четири меч топки и на крајот загуби.

Во продолжение 219. тенисер на светот го освои вториот сет со 7-6, а потоа и третиот со 6-3, за комплетирање на еден од најголемите пресврти во светот на тенисот.

Троицки во својата кариера освои три титули, а негов најдобар пласман беше 12. место на АТП листата во јуни 2011 година.