Троицки најави играчка пензија, наскоро почнува тренерска кариера

Некогашниот голем тениски талент, Србинот Виктор Троицки ја игра последната сезона во својата активна тениска кариера.

Троицки пред домашните медиуми се отвори и објави пензија на крајот од 2021 година.

„Веќе сум спортски ветеран и наскоро ќе ја завршам кариерата. Планирам да играм само на уште неколку турнири годинава. Си дадов збор дека ќе ја завршам карирата оваа година. Преминувам во тренери и започнувам нова кариера. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека сè ќе биде добро“, реќе Троицки.

Во својата кариера Србинот освои три титули во АТП и е освојувач на Дејвис Купот во 2010 година со српската репрезентација.