ВИДЕО: Троицки, цел свет те слуша – го кршеше рекетот па сам себе си пцуеше мајка! 

Виктор Троицки не успеа да обезбеди полуфинале на Челинџ-турнирот во Анталија, откако во српското дерби загуби од далеку помладиот и понеискусен Миомир Кецмановиќ со 2-0 во сетови (3-6, 4-6). 

33-годишниот ветеран дуелот го започна со поголема доза на нервоза, а тоа кулминираше во седмиот гем од првиот сет, кога најпрво го искрши својот рекет, а потоа сам себе си пцуеше мајка. 

  • Срамниот потег на Троицки во Анталија: 

Можеби на трибините само неколку посетители, но искусниот Троицки треба да знае дека цел свет го гледа преку малите екрани.