• Иван Димовски
По комплетирањето на минатонеделните турнири АТП ја објави новата ранг-листа.
Откако го освои Мастерсот во Монте Карло на второто место скокна Карлос Алкараз. Шпанецот стигна до 7.720 бода и има 125 повеќе од Александер Зверев кој падна на третата позиција. На врвот и понатаму е Јаник Синер кој има 9.930 поени. Четвртопласиран е Тејлор Фриц пред Новак Ѓоковиќ, па следуваат Џек Дрејпер, Алекс Де Минер, Андреј Рубљев, Данил Медведев и Каспер Руд во топ десет.
Најдобро рангиран македонски тенисер и натаму е Калин Ивановски кој напредуваше пет позиции и сега е 1.024.
Ранг-листата на тенисерите погледнете ја на ОВОЈ линк.