• Горан Упале
По раната елиминација на УС Опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се соочува со проблеми кога е во прашање борбата за пласман на Завршниот Мастерс.
Досега учество во Торино имаат обезбедено само Јаник Синер и Алекасндар Зверев, а останатите се борат за преостанатите шест места. Ѓоковиќ моментално е деветти во трката со 3.260 бодови – прв под „линијата“.
Блиску до пласман се и Карлос Алкарас (6.010) и Данил Медведев (4.420). Тејлор Фриц е петти со 3.890, Каспер Руд шести со 3.795, следен од Андреј Рубљов со 3.480 и Алекс де Минор со 3.305.
Во игра секако се Григор Димитров со 2.835, и Томи Пол и Стефанос Циципас со 2.735 бода. Од големите турнири останаа само Мастерсите во Шангај и Париз. Завршниот турнир во Торино на програмата е од 10 до 17 ноември.