Трите најголеми фаворитки елиминирани во осминафиналето на Индијан Велс

Најголемите фаворитки немаа свој ден на ВТА турнирот во Индијан Велс. Откако претходно беше исфрлена првата носителка Каролина Плишкова, слична судбина доживеаја втората, третата и четвртата по ранг на турнирот.

Ига Швјонтек, која по Плишкова беше најголем фаворит за трофејот, со експресни 2-0 загуби од Јелена Остапенко. Летонката со 6-4 и 6-3 ја елиминираше фаворитката, по час и половина игра во Њујорк. 

Во истиот термин, ама за пократок период беше исфрлена и Елина Свитолина. Украинката освои само два гема против Џесика Пегула и двата сета ги загуби со по 6-1, па со 2-0 беше елиминирана полесно од очекуваното. 

Барбора Крејчикова не успеа да дојде до четвртфиналето и загуби од Паула Бадоса со 0-2. Шпанската тенисерка го доби првиот сет со 6-1, а потоа со 7-5 успеа да ја победи фаворитката за место меѓу осумте најдобри. 

Во четвртфиналето на Индијан Велс се пласираа и Азаренка, Контавеит, Кербер, Јабер и Роџерс.