Тренерот на Федерер откри: Постои шанса да игра на Вимблдон, но...

Тренерот на Роџер Федерер, поранешниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ зборуваше за здравствената состојба на Швајцарецот. Претходно Федерер во едно интервју изјави дека е можен, но под голем знак прашалник неговиот настап на Вимблдон. Сега, на оваа тема зборуваше и Љубичиќ. 

„Ве уверувам дека нема потреба да се сомневате во искреноста на Федерер. Тој што ќе каже, нема потреба да барате меѓу редовите. Кажува како што е, некогаш избира и да избегне јавно да открие детали, или како сега опишува совршено. 

Моментално Роџер се наоѓа во фаза на рехабилитација. Во јануари ќе започне со физички подготовки, додека тенисот ќе почека. Враќањето на турнејата на АТП е далеку, не можеме да одредиме датум. Постои надеж дека ќе заигра на Вимблдон, ама прерано е да се зборува за тоа“, изјави Љубичиќ. 

Последен тениски меч на Федерер беше четвртфиналето токму на Вимблдон, каде што беше елиминиран од Хуркач. Искусниот тенисер заздравува и се надева дека ќе се врати на терените пред да дојде време за крај на кариерата.