Тони Надал: Му се восхитувам на Ѓоковиќ, нека ужива во успехот

Тренерот на канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим, Тони Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоената титула на Ролан Гарос. 

Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, на својот Инстаграм профил објави колумна за шпанскиот „Ел Паис“.

„Што се однесува до Ѓоковиќ, уште еднаш со големо одушевување можам само да му честитам и да му посакам да ужива во ова неверојатно достигнување со семејството и членовите на тимот“, меѓу другото рече Тони Надал.

Ѓоковиќ во неделата триумфираше на Ролан Гарос, откако во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со убедливи 3-0. Српскиот тенисер со победата во Париз го освои 23-от Грен слем трофеј во кариерата.