Тони Надал ја згрози тениската јавност: Феликс е Феликс, но јас навивав за мојот внук...

Надал

Рафаел Надал имаше тешка задача на патот до четвртфиналето на Ролан Гарос. Големиот шампион по пет сета го надигра Феликс Оже-Алијасим, човекот кој моментално го тренира неговиот вујко Тони.

По мечот главниот тренер на Канаѓанецот даде изјава која за многумина е срамна и понижувачка.

„Феликс е Феликс, но јас навивав за мојот внук. Сакав тој да победи. За нас овој турнир секогаш ќе биде нешто посебно“, изјави Тони.

Јавноста е згрозена од овие зборови на првиот тренер на младиот Оже-Алијасим, кој попушти во завршницата и не успеа да направи изненадување против шпанскиот ас.

Надал за да се пласира во уште едно полуфинале на турнирот во Париз ќе мора да го победи Новак Ѓоковиќ.