Тони Надал: Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња

Тони Надал е чичко и поранешен тренер на Рафаел Надал, меѓутоа за најдобар тенисер на сите времиња го постави швајцарскиот ас Роџер Федерер.

Популарниот Федекс ќе полни 39 години, ама се уште игра елегантен тенис и зад своето име има рекордни 20 Грен Слем титули во „белиот спорт“.

„За мене Федерер е прекрасен тенисер. Многу сакам да го гледам. Ако не бев чичко или тренер на Надал, тогаш ќе навивав Федерер да победува во сите натпревари. Ми се допаѓа играта, тој е елегантен играч. За мене тој е најголемиот тенисер на сите времиња. Зад него веднаш се Лејвер и Надал“, изјави Тони.

Роџер Федерер и Рафаел Надал имаат одиграно 40 меѓусебни натпревари, а Шпанецот има 24 победи во пресметките.