Томи Пол загуби скоро добиен сет, Алкараз е прв полуфиналист во Париз

Карлос Алкараз е првиот полуфиналист на Олимписките игри во Париз, откако со чудесна игра го надмудри Американецот Томи Пол и славеше со 2-0, по сетови 6-3 и 7-6/7. 

Првиот сет комплетно му припадна на шпанскиот ас, а во вториот се случи голем пресврт, откако Пол водеше со 5-2, но Алкараз покажа зошто е еден од најдобрите светски тенисери и успеа да слави во тај-брејкот со конечни 9-7. 

Томи Пол има за што да жали, затоа што беше во одлична позиција да дојде во егал и да го одведе мечот во решавачки трет сет, но Алкараз ја покажа својата луцидност и со два брејка комплетно се врати во игра, завршувајќи ја задачата за точно два часа и една минута. 

Во полуфиналето младиот Шпанец ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Каспер Руд и Феликс Оже-Алијасим.