• Саше Љолес

Американецот Томи Пол успеа по голема борба да го надигра Кристофер О'Конел и славеше со 3-2 во првото коло на Австралија Опен, по сетови 6-2, 3-6, 6-1, 6-7/5 и 7-5.
Домашниот претставник прикажа одлична игра и му создаде многу проблеми на Пол, но сепак фаворитот го пронајде вистинскиот рецепт за победа и го заокружи мечот за четири часа и две минути.
Учество во второто коло обезбеди и Италијанецот Франческо Пасаро, кој имаше водство од 1-0 против Григор Димитров, но Бугаринот мораше да го предаде мечот поради повреда.
Во следната рунда ќе го гледаме и Французинот Бенџамин Бонзи, кој со убедливи 3-0 го елиминираше Белгиецот Давид Гофин.